КВАНТУМ ПРИМА е здружение на граѓани формирано на 20.05.2014 во Кавадарци. Здружението е регистрирано во Централен Регистар на Република Македонија – подрачна единица Велес, под регистарски број (ЕМБС: 6954634) и под официјален назив: Здружение за економско-политички истражувања и анализи КВАНТУМ ПРИМА Кавадарци.
Нашата првичната цел и идеја е да го промовираме научно-истражувачкиот пристап во истражувањето на општествените феномени и процеси. Затоа фокусот на нашата работа е ставен врз испитувањето на јавното мислење, како и користење на нови модели, софтвери и технологии.

 Actions-office-chart-bar-stacked-icon

Мисија и визија

UPFSI-logo-globe-v2c

 

Нашата мисија
- Нашата примарна мисија е, преку промоција на научно-истражувачкиот пристап и воведувањето на нови технологии, модели и софтвери, да го поттикнеме младинскиот активизам и вклученост на младите во општествените текови, како и создавање свесни, одговорни и креативни млади луѓе, кои ќе ги знаат своите права, но и своите одговорности кон општеството;
- Дел од нашата мисија е и нашата заложба и промоција на добро владеење (демократија, човекови права, владеење на правото, транспарентност, отчетност, антикорупција);
- Третиот аспект од нашата мисија е промовирањето и работата во областа на неформалното образование, иновативноста и претприемаштвото, како и зголемувањето на вработеноста и социјалниот стандард во Република Македонија.

Универзумот е книга која може да ја читате само ако го познавате јазикот на кој е напишана.
Тоа е јазикот на математиката.
Галиело Галилеј

Нашата визија
- Нашата визија е создавање повисока културна и демократска свест кај граѓаните на Република Македонија, како и поттикнување на граѓанството, а особено младите, активно да се вклучат во решавањето на општествените предизвици и проблеми;
- Имаме визија да влијаеме кај граѓаните на Република Македонија, особено кај младите, да се создаде чувство и свест за демократија, јавност, активна вклученост и одговорност за својата иднина, како и за иднината на целото општество;
- Наша визија е и значително исползување на потенцијалите кои доаѓаат со користувањето и креирањето нови технологии, но и искористување на придобивките од научно-истражувачкиот пристап, за зголемување на иновативноста и намалување на невработеноста.

slika misija

Нашиот тим

ТатјанаТатјана Маркова Николов
_______________

(Извршен директор; Експертиза: економски анализи и истражувања на пазарот)

Благојм-р Благој Ѓелевски
_______________

(Проект менаџер; Експертиза: истражување на јавно мислење и статистички анализи)

ПетарПетар Николов
_______________

(Проект координатор; Експертиза: координација на тимот и човечки ресурси)