Спроведување на теренски и телефонски анкети за испитување на јавното мислење

Статистичка анализа во SPSS и Excel со вклучени: дескриптивна анализа, вкрстена анализа и регресивна анализа, како и графичка презентација на податоци

Анализа на одредени тенденции и промени во јавното мислење за разни политички и економски теми

Одредување приоритети, рангирање алтернативи, креирање сценарија, симулации. Во овој дел се користи специјализираниот софтвер MyBestRank

Географска и демографска сегментација на пазарот. Микротаргетирање и сегмент анализа

Разни консултантски услуги во врска со истражувања на пазарот и пазарни тенденции

Креативноста значи размислување за обичните работи на необичен начин

Јавно мислењеЈавно мислењеСпроведување на телефонски и теренски анкети за разни политички или општествени теми и прашања релевантни за вашата организација.  Прочитај повеќе

Статистички анализиСтатистички АнализиСтатистичка обработка на податоци и изготвување статистички извештај (фреквенција, корелација, кростабулации, регресивна анализа).   Прочитај повеќе

Пазарни истражувањаПазарни ИстражувањаАнализа на конкуренција, потенцијали на пазарите, географска и демографска сегментација, специјализирано микротаргетирање.  Прочитај повеќе

Софтвер и методологија

medium

SPSS 23.0
(Statistical Package for Social Sciences)

excel

Excel 2010

MyBestRank - logo

 MyBestRank 3.2

Институтот КВАНТУМ ПРИМА во своите статистички анализи го користи IBM софтверот SPSS (Statistical Package for Social Sciences) верзија 17.0.
Софтверот SPSS е практична програма при анализа на податоци од анкети при испитување на јавно мислење. Собраните податоци (било да се од теренски или телефонски анкети) се внесуваат од шифрарник во Excel file, или се кодираат директно во SPSS. Подоцна, во зависност од потребите на клиентот се прави дескриптивна анализа на податоците (frequency, mean, median, mode, standard deviation etc.), вкрстена анализа, каде се бара корелација помеѓу варијаблите (посебно од значење при анализата е да се пронајде меѓузависност или корелација помеѓу одредено прашање и одредена демографска категорија) и регресивна анализа, која може да биде биваријабилна или мултиваријабилна, и која дава одредени предвидувања за движења на одредени вредности и открива тенденции.

Примерокот кој се користи за испитување на јавното мислење, генерално опфаќа 800-1200 испитаници во зависност од потребите на клиентот, за прецизност на анкетата. Најчесто користен примерок опфаќа 1100 испитаници со маргина на грешка од +/- 3%. Примерокот мора да задоволува две основни статистички карактеристики. Како прво тој мора да биде случаен, и како второ мора да биде репрезентативен т.е. точно да ја отсликува популацијата.

Статистичка обработка на податоци