Стратегија за 2020та

Како организација чиј фокус се пред се младите, оваа 2020та си поставивме неколку цели, како дел од нашиот стратешки план.

1. Поттикнување на младинското претприемништо

Сметаме дека иднината на младинската вработливост е во претприемаштвото и приватниот сектор, со тоа што младите од Кавадарци, но и од цела Македонија, имаат големи можности и подршка за отварање на сопствени бизниси.

Ние како организација имаме за цел да го потикнуваме младинското претприемаштво и да организираме кампањи за зголемување на свеста кај младите. Веруваме во идејата дека само преку отварање на сопствени бизниси, младите имаат најголем потенцијал за личен и финансиски развој и успех.

2. Зголемено учество на младите во локалната демократија

Иако е точно дека младите во Македонија имаат аверзија кон политика, сепак нивното учество во процесите на локална демократија е клучно за подобрување на демократичноста на македонското општество. Кога младите со свои идеи и предлози повеќе би се вклучиле во донесувањето одлуки на локално ниво, би се подобрил и нивниот квалитет на живот, бидејќи тие би лобирале за теми и проекти кои ги засегаат нив.

Ние со досегашниот проект „Мои пари, моја одговорност“, посебен фокус ставивме на младите и нивното учество во процесот на партиципативно буџетирање. Сепак, сметаме дека треба уште многу да се работи на зголемување на свеста кај младите дека тие може да влијаат врз локалните политички процеси и да ги променат работите на подобро.

3. Научно-истражувачки пристап и борба со лажните вести

Многу истражувања покажаа дека мнозинството македонските граѓани, споредено со граѓаните од другите европски држави,  се повеќе склони кон верување во лажни вести и дезинформации, кои експоненцијално се зголемуваат со секој циклус на избори.

Ние како организација сметаме дека лажните вести, се закана за демократијата, и затоа за оваа 2020та година си поставуваме цели да влијаеме со позитивни кампањи кон едуцирање на младите и зголемување на свеста за заканата од лажни вести.