Средба со медиумите од Кавадарци и Неготино

Датум: 08.02.2018

Денес во Кавадарци беше одржана средба со медиумите кои работат на територијата на општините Кавадарци и Неготино. На средбата присуствуваа новинари од порталот www.rtk.mk и новинар од новинската агенција МИА. Од оправдани причини на средбата не беа присутни новинари, од телевизиите: КТВ, со кој дополнително беше разговарано, како и новинар од телевизијата К1, која е од Велес, но го покрива и подрачјето на Кавадарци и Неготино.

На средбата, од страна на Благој Ѓелевски, претставник на Квантум Прима, беше презентиран проектот „Мои пари, моја одговорност“, како и активностите кои се предвидени со овој проект, а во кој се вклучени општините Кавадарци и Неготино.

Беше истакната важноста на медиумите, како засегната страна, во успешноста на овој проект. Медиумската покриеност на проектот ќе значи поголема видливост, и поефикасна реализација на проектните активности.

Од страна на новинарите присутни на средбата беше искажана подршка за проектот и подготвеност да се вклучат во проектните активности кои ќе се одвиваат во општините Кавадарци и Неготино.