23 јануари 2018, Неготино
Денес претставници на организацијата Квантум Прима од Кавадарци, остварија средба со градоначалникот на Неготино, Тони Делков, при што од двете страни беше потпишан меморандум за соработка.
Соработката помеѓу Квантум Прима, како дел од мрежата ФИСКАСТ, и општина Неготино, како општина вклучена во овој проект, ќе биде пред се во делот за подготовка и реализација на проектот “Мои пари, моја одговорност. Партиципативно буџетирање во општините во Македонија”.
Носител на целиот проект е Институтот за економски истражувања FINANCE THINKод Скопје, а во мрежата ФИСКАСТ (која го спроведува проектот низ 10 општини во Македонија) се вклучени 6 други организации, меѓу кои и КВАНТУМ ПРИМА, задолжена за Кавадарци и Неготино.
Проектот е финансиран од USAID и е планиран да трае 3 години т.е. до април 2020 година.
Општина Неготино за потребите на проектот ќе обезбеди логистичка подршка, како општинската сала за трибини и дебати со граѓаните, како и потребни информации и податоци кои имаат карактер на јавно достапни.
Со потпишувањето на овој меморандум за соработка, организацијата Квантум Прима, како дел од мрежата ФИСКАСТ, ќе соработува со општина Неготино во рамките на гореспоменатиот проект, со цел да се реализираат целите опишани во проектот.
Целта на ова партнерство е двете страни да соработуваат успешно во Проектот за партиципативно буџетирање.
Главната цел на проектот е да се поттикне учеството на граѓаните во процесот на планирање и донесување на Буџетот, како и да се зголеми ефикасноста на трошењето на парите од буџетот од страна на општината.
Градоначалникот Тони Делков искажа јасна и недвосмислена подршка за проектот и ја потврди неговата заложба дека ќе се залага за поголемо учество на граѓаните во процесот на планирање и донесување општински буџет во Неготино.