Потпишан меморандум за соработка со општина Кавадарци

17 ноември 2017, Кавадарци

Денес претставници на организацијата Квантум Прима од Кавадарци, остварија средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, при што од двете страни беше потпишан меморандум за соработка.

Соработката помеѓу Квантум Прима, како дел од мрежата ФИСКАСТ, и општина Кавадарци, како општина вклучена во овој проект, ќе биде пред се во делот за подготовка и реализација на проектот “Мои пари, моја одговорност. Партиципативно буџетирање во општините во Македонија”.

Носител на целиот проект е Институтот за економски истражувања FINANCE THINK од Скопје, а во мрежата ФИСКАСТ (која го спроведува проектот низ 10 општини во Македонија) се вклучени 6 други организации, меѓу кои и КВАНТУМ ПРИМА, задолжена за Кавадарци и Неготино.

Проектот е финансиран од USAID и е планиран да трае 3 години т.е. до април 2020 година.

Општина Кавадарци за потребите на проектот ќе обезбеди логистичка подршка, како општинската сала за трибини и дебати со граѓаните, како и потребни информации и податоци кои имаат карактер на јавно достапни.

Со потпишувањето на овој меморандум за соработка, организацијата Квантум Прима, како дел од мрежата ФИСКАСТ, ќе соработува со општина Кавадарци во рамките на гореспоменатиот проект, со цел да се реализираат целите опишани во проектот.

Целта на оваа партнерство е двете страни да соработуваат успешно во Проектот за партиципативно буџетирање.

Главната цел на проектот е да се поттикне учеството на граѓаните во процесот на планирање и донесување на Буџетот, како и да се зголеми ефективноста на трошењето на парите од буџетот од страна на општината.

Градоначалникот Митко Јанчев искажа подршка за проектот и ја потврди неговата заложба дека ќе се залага за поголемо учество на граѓаните во процесот на планирање и донесување општински буџет во Кавадарци.