Институтот за економско истражување и политики „Finance Think“, Скопје, во соработка со Центарот за детска и семејна заштита КМОП, Атина, го спроведува проектот „Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд“, договор број 12-9137/1, финансиран од Европска Унија. Основна цел на проектот е „зголемување на активацијата на лицата под ризик од социјална исклученост на пазарот на труд преку подобрување на нивните вештини, образование, квалификации и олеснување на целосната интеграција во општеството и пазарот на труд“. Партнер на проектот е и Министерството за труд и социјална работа.
Во насока на јавната дебата за проблемите и можностите за вработување на жителите на Вардарскиот регион организираме панел дискусија „Секој може и има право да биде вработен“, на која претставници на Центарот за социјална работа, Центарот за вработување и невладиниот сектор ќе дискутираат за овие теми. Присуството на настанот е бесплатно за секој заинтересиран.
Настанот ќе се одржи на 29 март 2017 година, во хотел Уни Палас 1 Кавадарци, со почеток во 12 часот. Во прилог е и деталната агенда.