Изминативе 2 дена одржавме серија предавања за бизнис, претприемништво и маркетинг во трите средни училишта во Кавадарци (Гимназија „Добри Даскалов“, ЕМУЦ „Киро Спанџов Брко“, и ЗШУЦ „Ѓорче Петров“).
Предавањата се дел од проектот „Започни сопствен бизнис“, кој е поддржан од Општина Кавадарци и кој го спроведува нашата организација. Целта на проектот е поттикнување на младинското претприемништво и запознавање на младите средношколци од Кавадарци со процедурите и можностите за отворање на сопствен бизнис.
Во рамки на самото предавање имаше и дел обука за маркетинг и маркетиншки вештини (креирање интегрирана маркетинг стратегија, маркетинг канали и алатки, како и паметен пристап за промоција и продажба).
Кавадарци како град е познат по претприемачкиот дух, иницијативноста, и динамичката економска активност.
Сметаме дека оваа обука ќе биде поттик и дополнително ќе придонесе за развој на младинската вработливост и желба за претприемништво.