На 27 декември 2017 (вторник), во Домот на културата во Крушево, се одржа отворена дебата со младите, каде присутни беа градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, претседателот на Советот Тома Петроски и Сотир Габелоски (односи со јавност во општина Крушево). На дебатата беше присутен и Благој Ѓелевски, претставник од Институт Finance Think и мрежата Фискаст.
Дебатата која е остварена по иницијатива на една од неформалните иницијативи на младите во Крушево, започна во 16 часот.
Присутните млади имаа прилика да чујат какви тела има општината и како истата функционира. Исто така беа запознаени и со Буџетот за 2018 година и можеа да постават прашања и да дадат предлози за Буџетот за наредната година.
Настанот беше најавен на следнава фејсбук страна:
https://www.facebook.com/events/160389207912862
Присутните млади генерално се интересираа и ги предлагаа следниве работи:
- За следна година за се изготви граѓански буџет кој ќе биде поразбирлив за сите;
- Да се издвои посебна ставка во буџетот која ќе биде наменета само за младите;
- Младите повеќе да бидат вклучени во процесот на донесување одлуки во општината и во процесот на планирање буџет. т.е. почесто да се одржуваат вакви слични средби со градоначалникот и одговорните во општината.