Испитување на јавното мислење

Истражувањето на јавното мислење е нашата основна страст и област во која нашиот тим има повеќе од 5 години професионално искуство.

Тргнувајќи од важноста на судот на јавното мислење во едно демократско општество, од која зависи судбината на било која Влада, политичка партија, јавна личност, организација или компанија, посветуваме особена внимателност и научно-методолошка стриктност во истражувањето на различните тенденции во јавното мислење.

 

Телефонски анкети

 

Теренски анкети

 

Статистичка обработка на податоците

Организација на анкетата

Во овој сегмент во нашиот тим работат тројца координатори и 10 хонорарно ангажирани анкетари, кои се обучени од наша страна. По потреба, во зависност од видот и обемот на истражувањето, ангажираме дополнителни анкетари, кои мора претходно да поминат соодветен тренинг, обезбеден од наша страна.

За сите потенцијални клиенти, било тоа да се политички партии, јавни институции, невладини организации, компании, странски организации и амбасади, нудиме можност и за теренски и за телефонски анкети, во зависност од потребите и желбите на клиентот, но и во зависност од видот на анкетата. Во однос на теренските анкети имаме изградено мрежа од одговорни лица низ цела територија на Република Македонија. 

За телефонските, од друга страна, на располагање имаме база на податоци од телефонски броеви од домаќинствата во Република Македонија и соодветни телефонски уреди за спроведување на истражувањата. Во нашата база на податоци ги имаме карактеристичните броеви на секоја општина како и почетните три цифри на сите места на живеење. Тоа ни овозможува покриеност на целата територија на Република Македонија.

Анкети - Квантум Прима

Изработка на прашалник и статистички извештај

Прашалникот го изработуваме во соработка со клиентот, обидувајќи се најверно да излеземе во пресрет на неговите потреби. Вообичаено, од досегашната практика, најпрво нашиот тим, по сугестиите и насоките од клиентот, изработува предлог прашалник, кој е предмет на измени и корекции, и после вообичаено 2-3 дена, се креира конечен прашалник.

Резултати и етички импликации

Сметаме дека секоја организација која испитува јавно мислење има посебна одговорност да обезбеди и презентира точни, прецизни и непристрасни наоди од истражувањата. Токму затоа, посветуваме особено внимание, како на начинот на креирање на прашалникот (прашањата да не бидат наведувачки), од начинот на спроведување на самата анкета, од обработката на податоците во SPSS и Excel, до самата презентација на тие податоци.