На 2 и 3 јуни 2022 беше спроведена анкета помеѓу учениците од трета година од трите средни училишта во Кавадарци, како дел од проектот „Започни сопствен бизнис“, поддржан од Општина Кавадарци. По случаен избор беа избрани неколку класа, кои после анкетата учествуваа во предавање/обука за бизнис и претприемништво.
Најважниот и донекаде изненадувачки заклучок од анкетата е тоа што 80% од испитаниците одговориле дека лично во иднина би сакале да започнат сопствен бизнис. Ако претпоставиме дека примерокот (кој ги опфаќа сите 3 средни училишта од Кавадарци) е релативно репрезентативен за средношколската популација од Кавадарци, тогаш ова е доста интересен наод и го потврдува фактот дека младите од Кавадарци се доста претприемачки настроени.
Дали вие лично некогаш во иднина би сакале да започнете сопствен бизнис?
Понатаму, не помалку важен наод од анкетата, е тоа дека скоро половина од испитаниците немаат размислувано за конкретна бизнис идеја (нешто на што може да се работи во иднина со помош на општината и цивилното општество). Малку повеќе од една третина или 36%, одговориле дека имаат конкретна бизнис идеја.
Доколку да, дали имате конкретна бизнис идеја?
Целата статистичка анализа може да ја погледнете и симнете од следниов линк.