Краток хронолошки приказ за изборот на изведувач за градба на делницата Демир Капија – Смоквица

Гледано хронолошки, постапката за избор на изведувач одеше по следниот редослед:

  • На 20 септември 2011година е потпишан Договорот за заем со Европската банка за обнова и развој, во износ од 107 милиони евра за изградба на делницата Демир Капија- Смоквица;
  • На 31 август 2011 година е распишан тендер за изградба на делницата Демир Капија-Смоквица, кој траел до 07 декември 2011, а на истиот, се пријавени 15 странски компании;
  • Летото  2012 година е избрана грчката компанија Актор да ја гради делницата Демир Капија – Смоквица.
  • На 8 септември 2012 година официјално почна изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица, која е предвидено да трае точно 4 години, т.е. до септември 2016 година.

*Извори: Објави на официјален веб сајт на Министерство за финансии на Република Македонија, http://www.finance.gov.mk.Објави на официјален веб сајт на Влада на Република Македонија http://vlada.mk