ИНДЕКС ЗА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА
10 јули 2015
Во периодот од 2 до 5 Јули 2015 година претставниците на ЦЕРИ и ПОЛИТЕА и останати невладини организации беа дел од Работилницата за добро управување на национално ниво која е во организацја на ЦИКП од Скопје и се одржа во хотелот Гарден во Охрид. Во рамките на оваа работилница учесниците од граѓанскиот сектор и претставниците од националните институции имаа можност да се запознаат со проектот – Индекс за добро управување во Македонија кој го имплементира ЦИКП и преку запознавање со индикаторите кои го сочинуваат индексот можеа активно да се вклучат во искористување на резултатите кој ќе ги генерира истражувањето предвидено во рамките на проектото. Предавачи на работилницата беа: Младен Момчиловиќ кој ќе ги запознае учесниците со проблематиката на мониторинг и евалуација во област на доброто владеење и улогата на невладините организации во следењето на доброто владеење. Д-р Дане Талески кој се осврна на проектите за добро владеење во регионот, д-р Марија Ристеска, ЦИКП која го претстави проектот Индекс за добро управување во Македонија и м-р Александар Цеков ЦИКП кој ги запозна учесниците во работилницата со рамката на индикатори за следење на добро управување во Македонија.