Дебата за буџетот за 2019 на Општина Кавадарци

Расправата со дискусијата ја организираа невладините Квантум Прима и Finance Think, како дел од Мрежата FISCAST, која има за цел потикнување на учеството на граѓаните во буџетскиот процес, како и поголема транспарентност за Буџетот на Општина Кавадарци.


На присутните им се обрати претставникот на невладината Finance Think и Мрежата FISCAST- Иван В’чков, кој во кратки црти го презентираше проектот “Мои пари, моја одговорност”, и ја потенцираше важноста од партиципативното буџетирање.

Потоа градоначалникот на Општина Кавадарци-Митко Јанчев накратко го презентираше проектираниот Буџет за наредната година.

Збор имаа и претседателот на Советот Ристо Сакалиев и Цанка Јовановска-раководител на Секорот за финасии при Локалната самоуправа Кавадарци.

Свое учество имаа и присутните, засегнати страни од општина Кавадарци, граѓани и пред се претставници од невладиниот сектор.