Млади и младинско учество
Буџетско партиципирање и локална демократија
Поттикнување на претприемништво и вработливост
КОИ СМЕ НИЕ
КВАНТУМ ПРИМА
КВАНТУМ ПРИМА е здружение на граѓани формирано на 20.05.2014 во Кавадарци.
Нашата визија е создавање повисока културна и демократска свест кај граѓаните на Република Македонија, како и поттикнување на граѓанството, а особено младите, активно да се вклучат во решавањето на општествените предизвици и проблеми; Имаме визија да влијаеме, особено кај младите, да се создаде чувство и свест за демократија, јавност, активна вклученост и одговорност за својата иднина, како и за иднината на целото општество; Наша визија е и значително исползување на потенцијалите и придобивките од научно-истражувачкиот пристап, како и зголемување на иновативноста и намалување на невработеноста.
Се стремиме кон промоција на научно-истражувачкиот пристап во истражувањето на општествените феномени и процеси
Дескриптивна анализа
Анализа на податоци и анкети во SPSS и Excel. Фреквенција, мерки за централна тенденција, стандардна девијација, кростабулации. Графички приказ на резултатите во хистограми, пити, бар чартови и останати графички модели
Јавно мислење
Составување на прашалник, изработка на телефонски и теренски анкети за компании, организации, институции и политички партии. Изработка на статистички извештај со насоки и препораки. Презентација на наодите и податоците од истражувањето.
Корелација и регресивна анализа
Корелација помеѓу променливи на сите нивоа (номинално, ординално и ниво на сразмер). Биваријабилна корелација користејќи статистички параметри како хи квадрат, ламбда, гама, ета, пирсонова корелација и спирманова корелација. Креирање линеарно регресивни модели кои предвидуваат одредени тенденции и движења